Категории

Потресен статус на Анџелина Џоли: Нејзините зборови трогнаа милиони луѓе ширум светот (фото)

Актерката, режисерката, активистката, хуманитарката  Анџелина Џоли на својата Фејсбук  страна објавила статус кој трогна милиони луѓе, а се однесува на нејзиниот посвоен син.

Изморена сум од тоа да ми зборуваат дека не сум негова мајка. Тој можеби биолошки не е мој. Немојте да ме означувате како мајка –  посвоител. Можеби немаме исти очи, нос и уста, но тој е мојот син. Семејството  не се базира на ДНК, туку на љубов.  Споделете го ова ако се слагате со мене“, напишала Џоли за својот син Медокс.

За помалку од еден час Анџелина собрала повеќе од 7600 лајкови. Таа е мајка на шест деца, но во еден момент мислела дека нема да има ниту едно. Оскаровката била во Камбоџа кога го снимала филмот  “First They Killed My Father” за злосторствата на Црвените Кмери.

Во Камбоџа се вратила во 2000 година кога кажала дека „нејзиниот син се наоѓа во таа земја“. Медокс го посвоила во 2002 година, а само година дена потоа отворила фондација на негово име за да помогне во здравствена нега и образование на децата во руралните предели во Камбоџа.

Медкос сега има 14 години и редовно и помага на неговата мајка на филмските сетови.

Прегледи:
422
Објавено на:
05.07.2016