Категории

Поучна приказна за лутината

Лутината, мало суштество, навидум безопасно. Ако се користи правилно, не нанесува штета. Ако не се обидете да ја отстраните, лутината совршено живее на слобода и никого не закача.

Но, сите обиди кои започнуваат со неа, завршуваат со солзи… Тоа суштество е мало и опасно, може случајно да допре до телото на било кој човек. Човекот веднаш ја чувствува. Тој станува лут.

Суштеството почнува да му вика на човекот: „Случајно те фатив! Пушти ме! Мене овде ми е мрачно и страшно! Пушти ме!“ Но, луѓето престанаа да го разбираат нејзиниот јазик. Некои веднаш ја пуштаат лутината, додека е уште мала – тоа е одличен начин да се збогувате со неа.

Но, постојат и оние кои никако не сакаат да ја пуштат. Тие ја нарекуваат своја, ја носат како најдрага ташна. Секогаш размислуваат и се грижат за неа… Но, неа, како и да е, не и се допаѓа да живее во човекот.

Таа се бори, бара излез, но бидејќи има слаб вид, сама не може да го пронајде. Ете, такво е тоа несреќно суштество. И човекот исто… Се собрал и никако не ја испушта лутината.

А тоа суштество е гладно, сака да јаде – така почнува полека да го јаде она што ќе го пронајде. И самиот човек го чувствува тоа. Нешто ќе го заболи… Но, не ја пушта човекот лутината од себе. Затоа што се навикнал на неа. А таа јаде и расте… Пронаоѓа нешто вкусно во човекот и глода. Така велат: „Лутината разјадува“.

И на крајот на краиштата, сраснува во нечие тело и против негова волја, станува дел од него. Човекот почнува да слабее, а внатрешната лутина продолжува да расте… На човекот не му е јасно дека само треба да ја отпушти лутината! И неа без човекот и е добро, а човекот без неа полесно живее…

Поука:

Лутината е состојба на душата. Во суштина, ние самите носиме одлука дали ќе бидеме лути. И кога ќе решите следен пат да се налутите, размислете: Дали е тоа навистина добро за вас? Предаторот секогаш го „намирисува“ послабиот и токму него го напаѓа. Не се вели залудно: „Пуштете ја лутината да оди по својот пат!

Прегледи:
809
Објавено на:
16.09.2019