Категории

Повеќе не се кријат: Дуа Липа во врска со помладиот брат на Џиџи и Бела Хадид!

Дуа Липа до неодамна беше во долгогодишна врска со шефот Ајзак Кару, со кој се појави и на овогодинешната Мет Гала, но нивната љубов очигледно била во голема криза. Пејачката во меѓувреме најде ново момче и тоа не било кој, туку помладиот брат на манекенките Џиџи и Бела Хадид.

Само неколку недели откако славната пејачка ја прекина долгогодишната врска со Ајзак, се шпекулираше дека свртела нов лист. Иако со месеци го криеше од очите на јавноста, пејачката очигледно повеќе не се грижи дали ќе се обелодени нејзината врска, па вчеравечер се препуштила во прегратките на својот нов избраник за време на концертот на Лајонел Ричи.

Нејзината нова љубов е 20-годишниот Анвар Хадид, помладиот брат на Џиџи и Бела кој како и своите сестри е манекен. На фестивалот British Summertime во лондонскиот Хајд Парк не криеле колку се заљубени, па без воздржување разменувале нежности уживајќи во музиката.