Сите оние кои ги посетувале пилатес часовите во PowerHouse Pilates овој период особено ја чувствуваат разликата и имаат потреба од трошење на негативната енергија и одржување на својата физичка кондиција. Но, поради глобалната ситуација во која што се наоѓаме, мора да се прилагодиме и да вежбаме од дома. Токму затоа, тимот на PowerHouse Pilates редовно одржува онлајн часови каде што може да се приклучи секој вљубеник во оваа дисциплина.
View this post on Instagram
Покрај тоа, доколку имате вишок слободно време, ви препорачуваме да го искористите на најдобар начин – следејќи ги овие вежби кои може да ги правите од вашиот дом. Се надеваме дека за краток период оваа вонредна состојба ќе биде зад нас, а дотогаш почитувајте ги препораките и вежбајте од дома со PowerHouse Pilates.
1. „Птица-куче“
Застанете на „сите четири“, со колениците на подот и исправувајте ја едната нога наназад, а нанапред едната рака (десна нога, лева рака). Обидете се да замислите дека имате гума која ви е заврзана за ногата и раката и дека давате отпор секогаш кога ќе ги испружите. Балансот одржувајте со помош на стомачните мускули.
View this post on Instagram
2. Пливање
Лежете на стомак и стегнете го задникот. Притиснете го долниот дел од телото колку што можете, па подигнете ги градите. Испружете ги рацете пред себе и назад нозете. Подигнувајте ги наизменично, рамениците да бидат долу, а вратот испружен.
View this post on Instagram
3. Мост со една подигната нога
Легнете на грб и свиткајте ги нозете во колениците така што коленото да биде рамно со зглобот. Стегнете го задникот, подигнете ги колковите и стегнете ги долните мускули од стомакот. Подигнете ја едната нога и направете притисок така што ќе ја исправувате што повеќе кон плафонот. Опуштете ги рамениците и вратот.
View this post on Instagram
4. Вежба за нозете и стомачните мускули
Свртете се на страна и свиткајте ја ногата која е на подот во колено. Горниот дел на телото држете го на подлактицата. Исправувајте ги нозете и рацете во исто време, па собирајте ги, додека раката ја собирате кај лактот и движејќи ја малку позади грб.
View this post on Instagram
5. Кружни движења со нога
Спуштете ја раката и само придржувајте ја главата. Исправете ја ногата и правете со неа кружни движења.
View this post on Instagram
6. Подигнување на ногата од страна
Легнете на страна, едната нога треба да биде свиткана, а другата исправете ја и правете движења кои вклучуваат подигнување и спуштање на ногата. Не ги поместувајте колковите, потрудете се да бидете мирни. Исправете го грбот колку што е можно повеќе, како кога седите на стол.
View this post on Instagram
7. 100
Легнете најпрво на грб со испружени нозе, па подигнете го горниот дел од телото. Спојте ги нозете и подигнете ги повеќе од 90 степени, а рацете испружете ги покрај нив, правејќи мали движења горе-доле. Долниот дел од грбот притиснете го до подот. Направете 10 сетови по 10 повторувања (затоа вежбата се вика 100).