Категории

Познат фотограф советува како секогаш да изгледате убаво на фотографиите

Џон Гудвин, познат фотограф на популарните ѕвезди, споделил некои од своите тајни за жените без разлика на обликот на лицето, секогаш да изгледаат убаво на фотографиите.

„Клучот на добрата фотографија е позата која ги нагласува вашите атрибути. Научете ја вистинската поза за својот облик на лице, без разлика дали е квадратно, округлесто, срцевидно, долгнавесто… На тој начин секогаш ќе ви се допаѓаат вашите фотографии, а нема да зависите од шминката и филтерите“, објаснува Гудвин.

Квадратно лице – Трикот е во нагласување на кривините

Дали сте тоа вие? Челото, јаболчниците и вилицата се од прилика иста ширина, а лицето не ви е подолго вкупната ширина на лицето.

Не правете го ова: Не позирајте свртени кон камерата, особено со спуштена брада бидејќи на тој начин ќе го нагласите квадратниот облик на лицето.

Направете го следново: Намалете ја „квадратноста“ на својата поза – не само на лицето, туку и на телото. Полека свртете се кон својата најдобра страна и неколку центиметри спуштете ја главата за обликот на лицето да изгледа како во форма на дијамант. Под овој агол насмевката ќе ги подигне образите што на лицето ќе му даде мала закривеност.

Срцевидно лице – Свртете се кон камерата

Дали сте тоа вие? Имате шилеста брада и челото ви е најширокиот дел од лицето.

Не правете го ова: Вртењето на страна и спуштањето на главата ќе ја замагли брадата. Луѓето со срцевиден облик се единствени кои би требало да се фотографираат директно кон камерата бидејќи на тој начин најмногу ќе ги нагласат цртите на лицето.

Направете го следново: Насмејте се, тоа ви ги подига образите. Главата полека префрлете ја наназад и гледајте право во фотоапаратот. Така ќе ја нагласите убаво дефинираната вилица.

Долгнавесто лице – навалете ја главата наназад

Дали сте тоа вие? Ширината на челото, јаболчниците и брадата се еднакви, а лицето ви е издолжено.

Не правете го ова: Не гледајте директно во фотоапаратот и не ја спуштајте главата бидејќи на тој начин во прв план ќе дојде челото, кое визуелно уште повеќе ќе се зголеми. Со спуштање на брадата само ќе го продолжите веќе долгнавестото лице.

Направете го следново: Полека свртете го цело тело, а со него и главата, на својата „добра страна“ па подигнете ја брадата за да го „заокружите“ долгнавестото лице. Свртете ја главата малку на страна за брадата да ви биде насочена кон фотоапаратот.

Округлесто лице – Спуштете ја брадата 

Дали сте тоа вие? Јаболчниците ви се пошироки од челото и брадата, а вилицата никако не е нагласена. Лицето ви е еднакво широко и долго.

Не правете го ова: Округлестото лице може да изгледа сплоснато доколку со лицето и телото сте директно свртени кон апараот.

Направете го следново: Полека свртете го телото на подобрата страна и на истата страна навалете ја главата. Широката насмевка ќе им додаде волумен на образите, кој ќе ја разбие округлестата линија на лицето.