Категории

Праски – Омиленото сочно летно овошје кое изобилува со здрави придобивки

Сочната и ароматична праска можете да ја јадете во неограничени количина затоа што е исклучително корисна.

Сочната и ароматична праска можете да ја јадете во неограничени количина затоа што е исклучително корисна. Поради односот на калиум и натриум, кој изнесува 7 спрема 1, таа е делотворна за сите оние кои имаат проблеми со слабокрвност.

Сокот од праски се препорачува кај оние кои страдаат од срцева аритмија, намалено лачење на желудачна киселина и чувствителен нервен систем. Сокот единствено не треба да го пијат дијабетичари и алергични особи.

Маслото од праски кое се добива со ладно цедење од нејзините коски е особено барано во светот. Се покажало како извонредно средство како за надворешна така и за внатрешна употреба. Кога е земано орално делува како лаксатив и го намалува холестеролот во крвта, додека при надворешна употреба постигнува одлични резултати кај лечење на егзем и при заштитата на кожата.
Поради богатството со минерали и витамини се препорачува да го мачкаат оние со чувствителна, стара и сува кожа за да добие мекост и еластичност.
Поради бројните предности, маслото од коската на праската е особено популарно во Велика Британија.

Прегледи:
487
Објавено на:
03.07.2020