Категории

Правете го ова и вашите очи ќе ви бидат благодарни

 

 

eyes-750x400

Очите се најчувствителниот дел од нашето тело. Тие ни овозможуваат да го видиме светот околу нас, а и да ги искажеме нашите најдлабоки емоции. Не е погрешно да се каже дека очите се огледало на душата. Современиот начин на живот, кој вклучува секојдневно повеќечасовно зјапање во компјутерски екрани или телевизори, влијае негативно врз здравјето на очите, па се зголемува бројот на лица кои носат очила за вид или контактни леќи. Тоа треба да ни покаже дека е потребно да вложуваме дополнителни напори за да го минимизираме негативниот ефект. Ви предлагаме неколку совети како да го зачувате добриот вид:

Кофеинот го намалува ефектот на суви очи. Одберете кафе во таква варијанта. Ем среќни, ем здрави.

Кромид и лук? Не, благодарам. Грешка. Овие зеленчуци се богати со сулфур, цистеин и летицин, трио богато со материи за прочистување на заматениот вид.

Зеленило. Трева, прошетка во парк, или ново цвеќе на тераса, па додека го пиете она кафе ги одмарате очите со убавата боја на тие зелени листови.

Одморајте ги очите за да не ги напрегнувате премногу. Ако поминувате долго време во гледање на екран од компјутерот или мобилниот телефон, запомнете го правилото на британските доктори – На секои 20 минути гледајте на оддалеченост од 6 метри во траење од 20 секунди

Како што внимателно ја одбирате заштитната крема за кожата од сонцето, така треба да ги одбирате и очилата за сонце. Побарајте очила кои блокираат 99 до 100% од штетните UVA и UVB зрачења.

За добар вид и здрави очи јадете зелен лиснаст зеленчук, туна и лосос, јајца, особено жолчката, грав и други извори на протеини, портокали и други цитрусни овошја.

Затоплете ги очите – Протријте ги дланките меѓусебно за да создадете топлина и потоа ставете ги врз очите, неколку секунди. Оваа вежба повторете ја три пати.

Превртувајте ги очите – Гледајте долу, потоа полека кружете со очите 10 пати почнувајќи од лево кон десно. Направете го истото уште 10 пати во обратната насока.

Фокусирајте го погледот – Земете пенкало и фокусирајте го погледот во него. Држејќи го на нормална далечина и пополека доближувајќи го до носот. Повторете ја вежбата 10 пати, со повремени паузи.

 

Прегледи:
423
Објавено на:
15.06.2016