Категории

Пред спиење ставете половина лимон на петите, а наутро ќе ве чека изненадување

Проблемот со испуканите пети може да биде многу незгоден и болен. Доколку не сакате да трошите пари на креми и препарати, ова е начинот на кој ќе се ослободите од овој проблем.

Лекот ви е на дофат, бидејќи сигурно го имате во фрижидерот. Кората од свеж лимон е совршен лек за испукани пети и тоа е секако најлесниот и најздравиот третман.

Подготовка:

  • Изберете лимон кој е доволно голем за да може да ви ја покрие целата пета. Исечете го лимонот на половина, исцедете го целиот сок и оставете ја само кората, како кога цедите лимонада.
  • Потрудете се да ја поставите кората на најгрубиот дел од петата и потоа облечете чорапи за да ја прицврстите кората.
  • Можеби ќе ви биде необично на почетокот, но ќе се навикнете. Оставете ја лимоновата кора да отстои најмалку 1 час, но за целосен ефект се препорачува да преспиете со кората на петата.

Ќе забележите значајно подобрување веќе следното утро, а по неколку третмани нозете ќе ви бидат меки и нежни.

 

Прегледи:
599
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
10.03.2018