Кучињата кои се дел од студентскиот дом „Стив Наумов“ си добија топол дом. Деновите со ладни температури ќе можат да ги поминат во куќарките кои беа направени од студентите и вработените во студентскиот дом.
Во овој момент има доволно храна, но во иднина секој оној што сака да ги нахрани кучињата ќе може храната да ја остави во садовите, кои се наоѓаат непосредно до куќарките.Благодарност до сите кои помогнаа оваа акција да се реализира успешно – велат во објавата од Студентскиот дом „Стив Наумов“.