Речиси е невозможно да направите фотографија одблиску од овие слободни животни со две крилја. Ретко имаме можност да сме блиску до нив, а оваа жена нашла интересен начин како да ги фотографира одблиску.
Кога Lisa M. Ca се преселила од Германија во Макомб Каунти, Мичиген, веднаш ја привлекле уникатните прици во оваа област. Со желба да научи повеќе за нејзините нови „соседи“, таа со помош на овој хранач за птици со камера успеала да ги документира одблиску.
Изненадена од бројните разновидни птици кои доаѓале во нејзиниот двор, таа решила подобро да ја истражи областа и нејзините домаќини. „Сакав да им се доближам и започнав да истражувам за камери кои би ми помогнале да го сторам тоа, така открив за Bird Photo Booth“ – раскажува таа.