Категории

Прељуба: 3 најчести грешки што ги прави мажот за жената да го изневери!

За жената да ве изневери без грижа на совест, да побегне со својот љубовник, доволно е само да игнорирате три важни принципи на женската психа, пишува Стил.

Овие три грешки се доволни мажот да ја избрка својата сопруга  во туѓ кревет. Иако најчесто тој не разбира каде згрешил, и зошто таа заминала…

Велат дека на мажот му е потребна само жена за во кревет. Сепак, жените, бараат многу повеќе…

Овие барања може да се сведат на три најважни работи. И ако еден од нив недостасува, сè ќе се сруши!

ЗАШТИТА: Ова не поразбира само заштита од хулигани (иако и тоа е потребно), туку и од помалку деструктивни работи. На пример, заштитете ја својата сопругата од вашата драга мајка. Ова е исклучително важно за секоја жена.

Треба да знаете како да ја спасите од лошиот шеф, од материјалните проблеми и лошите деловни услови.

Бидете вистинскиот маж кој ќе ја заштити својата жена од тоа од што се плаши најмногу на свет. Функцијата на добар сопруг е да и обезбеди на својата сопруга мир и безбедност.

Ако не сте на вистинското место кога и треба заштита знајте дека сте направиле голема грешка!

ПОМОШ: Тоа е најочигледната манифестација на љубовта. Ако и скратувате помош на сопругата, тоа е исто ко да и велите: Не те сакам!

И што може да очекувате од неа тогаш? Љубов?

Ако сакате да бидете вистински сопруг – помогнете и: околу бебето; кога излегува од продавницата со раце полни намирници; помогнете и кога ќе приметите дека е уморна од работа; кога нешто ја боли…

Во спротивно, жената ќе увиди дека не се грижите за неа и ќе замине во прегратките на друг човек. Тоа ќе биде моментот кога идејата за предавство ќе се роди во нејзината глава.

ЕМОЦИИ: Интимноста е неопходна. Во кревет, на жената и се потребни емоции. На жената и е потребна страст, нежност и голема желба. Без оглед на тоа колку години брак е зад вас – на жената секогаш ќе и требаат емоции во кревет.

Прегледи:
604
Објавено на:
18.08.2019