Категории

Премногу чувствителните луѓе се посебни и поседуваат редок дар

Премногу чувствителните луѓе се доста осетливи но и привилегирани во исто време: Можат да го почувствуваат она кое другите не го чувствуваат или подобро да ја видат реалноста од која другите бегаат.

Што е тоа што одредени личности ги прави толку осетливи? Дали е тоа генетскиот фактор? Зошто патат повеќе од другите? Зошто во нивните односи, љубовта е толку силна и болна? Зошто толку добро ја поднесуваат самотијата а чувствуваат длабок недостаток на разбирање уште од раната младост.

Се проценува дека 20% од светската популација има основни карактеристики кои би можеле да се дефинираат како „силно чувствителни“. Најчест е случајот дека тие личности го поминуваат поголемиот дел од својот живот не знаејќи ни дека припаѓаат во оваа група на привилегирани луѓе. Не знаат дека се родени со „невидливи очила“ кои го гледаат светот на поинаков начин, со отворено но и кревко срце.

Истражувањето покажало дека доста чувствителните личности имаат емотивен мозок кој е способен за голема емпатија. Се работи за мозоци кои се во потполност ориентирани кон „друштвеноста“ и соединувањето со блиските.

Што сето тоа значи? Во основа на нервните процеси, тие личности покажуваат друштвеност во областите на невроните поврзани за емоцииите и интеракцијата: Овие особи се во состојба да дефинираат и претчувствуваат чувства кои ги опкружуваат, но во исто време се соочуваат и со доста јасен проблем.

Остатокот од светот не е емпатичен. Поради тоа постои очигледна нерамнотежа помеѓу нивната осетливост и луѓето кои се наоѓаат во нивното опкружување. Поради тоа доста чувствителните особи се гледаат себеси како „поинакви“.

Доста осетливите особи се посебни: Имаат способност да го почувствуваат и согледаат светот преку софистициран и акутен нервен систем.

Тие тоа не го избираат, тие се едноставно такви. Поради тоа мораат да научат да живеат со своето срце, да го прифатат овој драгоцен подарок затоа што страдањето не е обврска, туку избор кој не вреди да се избере.

Прегледи:
774
Објавено на:
08.06.2020