Категории

Претставена е најскапата ташна на светот – Цена од која се врти во главата

Дел од приходите при нејзино купување одат во институциите кои отстрануваат пластика од океаните.

Италијанскиот бренд Boarini Milanesi ја престави најскапата ташна на светот чија цена е вртоглави 6 милиони долари. Ултра ексклузивната ташна е креирана од материјали кои донекаде ја оправдуваат вредноста на таа неверојатна цифра. Нејзината горна рачка е изработена од кожа од алигатор а декорирана е со 10 пеперутки од бело злато кои се украсени со сафири, дијаманти и Параиба турмалини. За оваа ташна биле потребни 1000 часа работа и изработени се само 3 примероци.

Таа има за цел да ја подигне свеста за потребата за заштита на нашата природна средина. Исто така секој кој ќе ја купи, дел од приходите од неа заминуваат во институциите кои се занимаваат за чистење на пластиките од океанот.

Оваа ташна е дефинитивно многу повеќе од обичен моден аксесоар и е длабоко поврзана со личната историја на основачот на брендот Матео Рудолф Миланеси. Тој сакал да ја прослави љубовта спрема морето која ја гаел неговиот татко кој починал кога тој бил тинејџер.

„Некогаш секое лето го поминувавме на море, во Грција или Турција и бев најсреќен кога со бродовите ги обиколувавме островите. Иако масовниот туризам тогаш беше само мислена именка, често гледавме пластични шишиња како пловат по водата или нафтени дамки кои потекнуваат од танкерите“ – изјави тој.

Прегледи:
896
Објавено на:
01.12.2020