Категории

Причини поради кои треба да ја раскинеш врската – Освен таа што не си среќна

Тоа што не си среќна, не се чувствуваш сакано или самата немаш доволно чувства е доволна причина за да ја раскинеш врската и да не губиш повеќе време.

Но, честопати тоа и не е доволно. Затоа што тука е стравот од помислата дека ќе останеш сама и дека ќе мораш повторно да бараш некого, а ако го најдеш, тогаш ќе мораш се повторно од почеток со некој нов, кој треба да го запознаваш и со него да се зближуваш и прилагодуваш.

Понекогаш останувањето во лоша врска е помалку страшно од започнување нова
Која исто така може да стане лоша.. Помислуваш, барем имам некого, воздивнуваш и продолжуваш да настојуваш дека повеќе не мислиш колку е тоа дефанзивно и нездраво. Но не можеш да не размислуваш затоа што знаеш дека не ти е добро.
можеби можеш да се правдаш со силата на своите чувства ако не сакаш и понатаму да бидеш незадоволна и да бараш додатни причини кои ќе те направат посилна, еве кои силни и убедливи.

Тој нема да се промени.
Верјатно од почетокот знаеш дека има проблеми со блискоста и интимата, дека е себичен и дека има непријатен карактер, тежок, затворен, груб, патријархален…
Ако тоа си го сфаќала како изговор и си се обидувала да го промениш, да го припитомиш, отвориш, омекнеш и да му влееш доверба и животна радост со својата љубов, веројатно дека си се уморила од тоа затоа што не успева.
Ако тој е неподнослив таков каков што е, и понатаму ќе остане таков и со текот на времето веројатно ќе стане уште потежок и понепријатен.

Постои разлика помеѓу толеранција и трпение
Нема идеален спој, секогаш во нешто ќе мораш да направиш компромис, нешто ќе мораш да толерираш а нешто да трпиш. Што е она што најтешко го поднесуваш? Досада, неразбирање, секогаш исти расправии, недоверба, лажење.. Тоа секогаш го има во некоја мера, но која е твојата мера? Претвори ги вредностите во проценти, па израчунај – колку проценти од таа врска се чисто задоволство, колку подносливост, а колку неподносливост.
Ако не постои доволно висок процент на различни задоволства, подносливоста има тенденција со теко на време да прерасне во неподносливост. Не чекај неподносливоста да порасне затоа што сигурно ќе го направи тоа.

Прегледи:
518
Објавено на:
30.08.2020