Категории

Пријателки кои животот ги раздели пред 73 години – Повторно се пронајдоа

(ВИДЕО) Животот е навистина невообичаен. Две пријателки повторно се сретнаа после 73 години.

Вини Шо која сега има 94 години и 91-годишната Марио Дабшир почнаа да се друшат кога имале двадесеттина година.
Работеле заедно во фабрика за машки панталони. Меѓутоа, го изгубиле контактот кога Вини се омажила и создала семејство.

Тие повторно се сретнале во еден Дом за стари лица и веднаш се препоразнале, продолжувајќи го своето пријателство каде што застанало пред 73 години.

„Марион ме препозна по името. Ме праша како се презивам и кога реков „Шо“, рече: „Ох, па тоа си ти!“ – рекла Вини и додала дека и понатаму сакаат да разговараат за истите нешта како и кога биле млади девојки.“

„Не можев да верувам кога ја видов на истата маса на вечера, реков: „Дали си ти тоа Вини Шо?“ Мислев дека во близина не може да има многу такви жени со исто име. Се чувствувам среќно, се сложуваме исто како и тогаш“ – раскажува Марион.
Иако контактот го изгубиле пред повеќе од седум децении, сега живеат заедно во Домот. Марион дошла во домот поради рехабилитација и после борба со коронавирусот во мај, затоа што се чувствувала доста осамено дома.

„Не сме се виделе 73 години, па средбата беше толку изненадувачка за двете. Колку луѓе се среќаваат во животот а не се чуле од 18 до 91? Го напуштив училиштетот кога имав 14 години и отидов да работам во фабрика. Тоа беше првата работа која ја работевме од 8 до 18 часот и сабота до 12. Изгубивме секаков контакт и никогаш не се сретнавме се досега. Кога се омажив ја напуштив работата, затоа што тогаш тоа беше така. Омажените жени престануваа да работат. Не можев да бидам посреќна кога повторно се сретнавме и се присетивме на старите спомени, убаво е да се има пријателка.“

Прегледи:
582
Објавено на:
25.11.2020