Категории

Приказна која се чита за една минута, а може да ви го промени животот

Двајца луѓе, со тешка болест делеле болничка соба. Првиот човек морал да седи на креветот секој ден по еден час за да се обиде да ја испразни течноста од белите дробови. Неговиот кревет бил покрај прозорот. Другиот човек морал да лежи цело време. Се зближиле разговарајќи за животот, семејството, детството, работата…

Секое попладне, кога ќе седнел човекот покрај прозорот, му ја опишувал на цимерот глетката која ја гледа надвор.

Низ прозорот се гледал прекрасен парк со езеро. Лебедите пливале во езерото додека децата си играле покрај водата. Паровите се шетале држејќи се за рака. Цвеќето во паркот било прекрасно, а надалеку се гледал и градот. Додека човекот покрај прозорецот ги опишувал деталите, другиот човек ги затворал очите и уживал во сцените. Еден ден, човекот покрај прозорот ја опишувал парадата која поминувала покрај болницата. Иако не можеле да слушнат звуци, можеле да ја замислат радоста.

Поминувале денови и месеци. Човекот кој постојано морал да лежи станал љубоморен на својот цимер и посакал тој да го добие местото покрај прозорот за да може да ги гледа сите убавини за кои слушал. Поради својот очај одлучил да го отруе човекот покрај прозорот. Едно утро сестрата влегла во собата и го видела безживотното тело на човекот покрај прозорот. Набргу после тоа другиот човек ја замолил неговиот кревет да го премести покрај прозорот. Сестрата прифатила, го сместила и го оставила сам.

Полека и со голем напор, станал да ја погледне глетката низ прозорот. Видел само ѕид. Ја запрашал сестрата што мисли зошто другиот човек му опишувал прекрасни глетки. Сестрата одговорила дека другиот човек бил слеп и дека не можел да го види ниту ѕидот.

Му рекла: „Можеби само сакал да ве охрабри и да ве направи среќен“

Поука

Голема среќа е да направите некого среќен, без обзир во која ситуација се наоѓате. Кога ја делиме тагата на половина – полесно е, но и кога ја делиме среќата – поголема е. Ако сакате да се чувствувате богати, избројте ги сите нешта кои ги имате, а парите не можат да ги купат. Не бидете љубоморни на другите луѓе, туку работете на себеси. Поделете ја среќата и направете некого среќен. Во спротивно ќе се најдете огорчени и сами пред ѕидот.