Категории

Приказна за мудрецот кој се откажал од скапоцениот камен

Приказна со силна поука 

Некој сиромашен селанец трчајќи дошол до мудриот човек кој се одмарал под едно дрво.
„Камен! Камен! Дај ми го скапоцениот камен!“
„Каков камен?“ – го прашал мудрецот.
„Синоќта сонував дека ќе пронајдам човек кој ќе ми даде скапоцен камен и ќе ме направи богат засекогаш.“, одговорил селанецот.

Мудрецот посегнал по својата торба, почнал да пребарува по неа и после некое време извадил камен.
„Мислиш на овој?“ – го прашал селанецот.
„Го пронајдов на патот пред многу години, еве ти го.“

Селанецот го погледнал каменот зачудено. Бил дијамант, веројатно најголемиот дијамант на целиот свет. Го земал и заминал.
Цела ноќ не можел око да склопи. Размислувал, се превртувал, што да прави, што ако некој дојде и го земе, немал мир.
Следниот ден околу пладне повторно отишол кај мудрецот и му рекол:
„Дај ми го тоа што ти овозможило толку лесно да се откажеш од дијамантот.“

Прегледи:
442
Објавено на:
10.09.2021