Категории

Приказната за крвавиот волк – Силна поука која ќе остане во вас уште долго

„На 70-годишен човек кој цел живот се занимавал со сточарство, поточно со одгледување овци, државата одлучила да му помогне да му одобри пензија што ќе му биде доволна за да преживее. По тој повод, еден новинар го замолил да раскаже дел од својот живот што никогаш нема да го заборави, а кој му останал и ќе му остане во сеќавање цел живот.
Старецот ја започна приказната:
„Имав 20 години и кога наидов на куче во шумата, го зедов кај себе и си го присвоив. Поминаа месеци и соседите почнаа да ми кажуваат дека тоа повеќе изгледа како волк и дека треба да се ослободам од него. Бев млад и не сакав да слушам никого, тој беше приврзан за мене, каде и да одев тој одеше со мене и ме чекаше. И годините поминуваа.
Еден ден кога бев малку поспан, слушнав врева, ржење и лелекање, додека станав и си дојдов на себе, сè замолкна, излегов надвор и видов заклано цело стадо овци, а волкот седеше во крв и гледајќи директно во мене, малку од страв малку од бес. Влетав во куќата, зедов пушка и го убив на самото место. Не знаев што да правам со овците, па ги повикав соседите да ги однесат пред месото да се расипе. Засолнувајќи ги овците, меѓу нив затекнавме три заклани возрасни волци и дури тогаш сфатив што направив!

Не е сè како што изгледа – Никогаш не проценувајте луѓе и ситуации врз основа на она што го гледате на прв поглед.“

Прегледи:
997
Објавено на:
13.02.2021