Категории

Принцот Вилијам рекреираше фотографија од детството на Кејт на неговото патување во Јордан

Иако во моментов Принцот Хари и Меган се најпопуларниот кралски пар, сепак Палатата Кенсингтон не потсети на љубовта меѓу Вилијам и Кејт, што ги воодушеви сите.

Додека Војвотката е дома, со малиот принц Луис, Вилијам патува низ светот. Тој во неговата посета на Џераш, во Јордан се сликал на истото место каде што е сликана Кејт кога била дете.

Имено, семејството на Кејт живеело во Џераш додека таа била мала, а сега кралскиот твитер објави фотографии од Принцот Вилијам од една и Кејт со татко и сестра и од друга страна, покажувајќи дека Вилијам и оддава почит на својата сопруга.