Категории

Природен напиток за долговечност: Направете го ова златно млеко и ќе бидете воодушевени

„Златно млеко“ е волшебен напиток кој помага при подмладување, го нормализира дигестивниот систем и има одлично влијание врз црниот дроб. Ги отстранува отровите, го подобрува тенот и овозможува долговечност.

Состојки:

  • 40 гр куркума во прав
  • 100-150 мл вода
  • 250 мл млеко, обично или кокосово
  • мед по желба
  • 40 мл сирово бадемово масло

Подготовка:

  • Направете паста од куркума така што ќе ја ставите куркумата во водата, промешајте и оставете ја да зоврие. За тој процес ви се потребни околу 8 минути, додека не се згусне содржината.
  • Смесата треба да личи на густ јогурт. За тоа време подгответе го млекото. Млекото варете го и додадете го во него и бадемовото масло. Потоа претурете го во шолја.
  • Додадете лажица од пастата со куркума. Засладете со мед по ваш вкус.
  • За уште посилен ефект можете да додадете и бибер во напитокот.
Прегледи:
388
Објавено на:
19.03.2018