Категории

Природна нега на косата, еве како!

Природната нега на косата е особено важна за здравиот изглед на влакното а и скалпот. Многу е битно да знаете како на вистински начин да ја одржувате природната нега а тоа вклучува да го сфатите значењето што точно и штети на вашата коса.

Секоја жена поседува мало богатство од препарати за нега на своето тело, а особено поголем дел се оние наменети за коса затоа што се чини дека таа секогаш бара дополнителна и поделикатна нега.
Доколку сакате да се свртите кон здрав начин на одржување на вашата коса тогаш треба да почнете да истражувате за разни билки, билни деривати и природни масла и за тоа кои од нив се погодни за вашиот тип на коса.

Сува коса

Доколку имате сува коса тогаш сигурно вашата коса најмногу страда во лето кога е подложна на штетните зраци на сонцето и морската вода во текот на летувањето. Најдобар начин е во текот на летото да избегнувате препарати за топлина како што се пеглите, феновите и фигарата за коса.
Многу е важно да посетувате фризер почесто кој ќе ги скратува оштетените делови.
За сува кожа се препорачуваат маски од природни масла од кокос, маслиново, сончогледово, рицинусово. Исто така можете да правите домашна машка од јајце.

Масна коса

Она што е полошо од сувата коса е масната коса која изгледа безживотно дури и после миењето. Оние кои го имаат тој проблем ќе сфатат најдобро за што зборуваме.
Многу е важно да го изберете вистинскиот шампон за овој тип на коса кој нема дополнително да го масти скалпот.
Не се препорачува честа употреба на регенератори, маски и масла за коса и тие треба да се употребуваат само 1-2 пати неделно.
Природни продукти кои можат значително да и помогнат на масната коса да изгледа свежо и почно со живот се сода бикарбона во прав која можете да ја употребувате така што ќе ја втријате во скалпот во текот на миењето, таа е одличен чистач кој ги отстранува мртвите клетки и првутот.
Исто така се препорачува и природниот сок од лимон.