Категории

Природни средства за чистење: Направете ги од состојки кои веќе ги имате во кујната

Природните средства за чистење дома се дефинитивно подобра опција, како за зачувување на природата, така и за здравјето на вас и вашето домаќинство.

Средствата за чистење на домот често се полни со хемикалии кои и штетат на природната средина, но и на нас кои живееме во тој дом. Затоа во последно време се повеќе луѓе се свртуваат кон поприродни начини за средување на домовите. Еве неколку рецепти за некои од нив. И најдобро од сè, веројатно веќе ги имате повеќето од овие состојки во вашата кујна.

Повеќенаменско средство

  • чаша бел оцет
  • чаша вода
  • сок од еден лимон
  • неколку гранчиња рузмарин

Измешајте ги сите состојки и истурете во шише. Оставете да отстои една недела пред употреба. После тоа, отстранете ги гранчињата рузмарин и производот е подготвен за употреба. Освен за бигор, оваа смеса може да се користи и за бришење на сите површини.

Средство за кујна

  • 4 лажици сода бикарбона
  • четвртина чаша вода

Оваа смеса може да се користи за чистење на кујната, рерната и шпоретот. Освен за чистење, смесата е освежувачка, па затоа е идеална за чистење на фрижидери и замрзнувачи. За да блеснат славините, направете погуста паста од сода бикарбона и вода и исчистете ја површината со неа. Исплакнете и исушете со крпа.

Средство за стаклени површини

  • 2 чаши вода
  • половина чаша бел или јаболков оцет
  • 1/4 70% алкохол
  • 2 капки есенцијално масло од портокал (опционално)

Измешајте ги состојките и истурете ги во шише со распрскувач. Оваа алатка може да се користи за прозорци, стаклени маси, стакло, како и за тушеви.

Средство за бања

  • Чаша бел или јаболков оцет
  • сок од еден лимон
  • Лажица сол

Потопете го сунѓерчето во мешавина од оцет и сок од лимон и посипете го со сол. Нежно исчистете ги површините во бањата и исплакнете темелно со вода. Избришете со сува крпа.

Прегледи:
859
Објавено на:
07.02.2022