Категории

Пристигнува крајот на пандемијата – Компанијата Pfizer произведе вакцина против Covid-19

Фармацевстката компанија Pfizer од САД и BioNTech од Германија соопштија дека во понеделникот нивната експериментална вакцина има ефикасност поголема од 90%  во спречувањето на вирусот Covid-19, врз основа на почетните податоци од големата студија што претставува голема победа во борбата против пандемијата.

Висок процент од оние кои се заштитени ги прави налозите уверливи.
Регулаторите велат дека би ја одобриле вакцината која е ефикасна само 50% – штитејќи ја половината од оние кои ќе ја добијат.
Врз основа на предвидувањата, двете компании до крајот на годината би можеле да испорачаат 50 милиони дози на вакцината во светот и 1,3 милијарди дози во 2021.

Компанијата Pfizer вели дека немало сериозни несакани ефекти.
Студијата за првата фаза на клиничкото испитување на вакцината покажал дека сите групи добро ја поднеле BNT162b2, со појава на умерена температура кај 20% од испитаните, што се смета за очекувано.

„Денес е одличен ден за науката и човештвото. Првиот сет резултати од нашето испитување на вакцината COVID-19, фаза 3, пружи почетни докази за можноста нашата вакцина да го спречи Covid-19“, вели Алберт Боурл, претседател и извршен директор на компанијата Pfizer.

Во испитувањата учествувале повеќе од 43,000 луѓе.

BioNTech најавува дека заедно со Pfizer најверојатно следната седмица ќе побара дозвола од америчката институција за лекови FDA.

Како делува вакцината Pfizer и BioNTech?
Во финалната фаза испитувања во светот има десет вакцини, но вакцината Pfizer/BioNTech е прва која дава резултати.
Таа користи потполно експериментален пристап кој вклучува вбризгување дел од генетскиот код на вирусот или RNK, со цел да се зајакне имунолошкиот систем.
Претходните испитувања покажале дека ванцината го вежба телото да создава антитела и друг дел од имунолошкиот систем кој се нарекува T-ќелии за борба против коронавирусот.

Испитувањата покажуваат дека 90% од заштитата се постигнува 7 дена откако ќе се прими втората доза.

Компанијата наведува дека до третата седмица од ноември ќе имаат доволно податоци за сигурноста дека можат да ја испратат вакцината до регулаторните тела.

Прегледи:
635
Објавено на:
10.11.2020