Категории

Привлечете пари, среќа и изобилство – Овие нешта од кујната морате ги отстраните веднаш

Пробајте го ова и ќе забележите чудо. Фенг шуи, древна уметност на уредување простор уште од античко време, нуди голем број совети кои ќе ви помогнат во напорите да привлечете пари, среќа и љубов.

Бидејќи кујната е место каде што поминувате многу време, таа е и простор каде што енергијата активно циркулира. Еве што треба да направите за да привлечете многу и пари.

Ослободете простор на фрижидерот
Магнети, разгледници, флаери од испорака, списоци на работи што треба да ги направите – нередот на фрижидерот и секој поглед во него создава преголема стимулација што прави да се чувствувате расеан. Затоа посегнувате по храна во фрижидер и кога не сте гладни. Тргнете сè од фрижидерот или оставете само неколку инспиративни цитати и преместете ги списоците со задачи во внатрешноста на вратата од кујнските елементи.

„Скријте“ ја корпата за отпадоци

Не држете ја отворена и не ставајте ја во видното поле, туку по можност под мијалникот, внатре во елементот или во оставата, чајната кујна. Отворена корпа на повидок носи неред и „ѓубре“ во вашиот живот.

Најдете места за растенија
Теглите со зачини, цвеќиња или било кое друго растение по ваш избор се добредојден кујнски додаток бидејќи внесуваат позитивна енергија во вашето секојдневие.

Наполнете сад со овошје
Симболизира успех и изобилство и чувајте го на исчистена маса или на која било чиста кујнска површина.