Категории

Прочитајте како Македонскиот стартап СОЛВЕО помогна во развивање на дигитална платформа на голема Шведска компанија

Со веќе 3 успешни натпревари, 40 креативни работилници, повеќе од 70 учесници и повеќе од 15 понуди за работа, иновативниот стартап СОЛВЕО им овозможува на младите ентузијасти да работат на реален проект, а на компаниите да добијат достапност до отворени иновации.


Солвео е иницијатива каде преку натпревари и вмрежување, талентираните студенти се поврзуваат со компаниите за креативно решавање на модерни бизнис проблеми. Преку оваа иновативна услуга и уникатен процес, компаниите добиваат можност да дојдат до мноштво од идејни решенија, достапност до иновации, можност да пронајдат талентирани млади за вработување, а истовремено студентите добиваат можност да работат на реален проблем и да се вмрежат со локална или глобална компанија.

Во изнинатите 4 недели се одржа третиот официјален натпревар на Солвео со 4 тимови и вкупно 18 учесници од полињата: Е-бизнис, Маркетинг, Менаџмент, Финансиски Менаџмент, Информатички технологии и Право. Проектот беше за голема Шведска компанија која го позиционира својот производ на пазарот во САД. Компанијата IMP Digital заедно со Македонската софтверска компанија doXteam ја развиваат дигиталната платформа за пребарување и споделување рецепти MyGreatRecipes. Оваа платформа веќе има повеќе од 100.000 уникатни корисници а цели да стигне до 450.000 до Август 2017.

ШТО БЕШЕ ПРЕДИЗВИКОТ?

Предизвикот на кој работеа студентите беше да се пронајде начин и да се изгради стратегија за како да се зголеми бројот на уникатни корисници, како да се задржат моменталните корисници, и како најефективно да се монетизира бизнисот.  Бидејќи очекувањата на клиентот не само што беа достигнати, туку беа и надминати, покрај победничкиот тим беше награден и втор тим со идејно решение кое наскоро исто така ќе биде имплементирано.

КАКО СТУДЕНТИТЕ ГО РЕШИЈА ПРЕДИЗВИКОТ?

За време на овој проект секој од тимовите започна со анализирање на пазарот во САД и анализирање на целните корисници и главните конкуренти. Учесниците стапија во контакт со големи Американски кувари, остварија контакти со светски блогери за храна дури и со некои од Американските супермаркети. Ги валидираа нивните идеи преку разговарање со бизнис професионалци и креирање на финансиски планови за реализација за нивните предлог-решенија. Дополнително ги тестираа нивните идеи и открија можности за подобрување преку правење на анкети и интервјуа со потенцијални корисници.

На крајот на 4-неделниот интензивен проект, секој од тимовите дојде до уникатно решение и секој тим оформи различна стратегија за придовивање нови и задржување на постоечките корисници и за ефективна монетизација на бизнисот.

Финалните презентации можете да ги видите тука.

Што велат учесниците за Солвео?

Бруно Ризовски

Ново искуство исполнето со нови предизвици, нови знаење, забава и креативност. Благодарен што имав прилика да бидам опкружен во таква атмосфера која на секој студент буди мотивација и желба за работа. Голем поздрав до Солвео, дечките кој се грижат вашето искуство да остане незаборавно и бесценето.

Ивана Митевска

Покрај многубројните стекнати пријателства, се стекнав и со вештини кои ќе ми помогнат многу во градење на мојата идна кариера. Не само што беше одлично искуство за мене како студент, туку и ми беше настан кој ми ги отвори очите за реалниот свет надвор од факултетот.
Искуството кое го стекнав за време на овој проект за мене е бесценето. Затоа му препорачувам на секој студент кој сака нови предизвици, обавезно да се пријави!

Maртин Јовчевски

Ова ми е еден од најдрагите сертификати кои што ги имам добиено. Работата, Луѓето и се тоа што научив тука ми е бесценето. Фала ви Solveo. Дефинитивно се пријавувам пак!

Sadike Haxhiu

Во времето додека роботев во проектот, единствено Солвео на мене како студент ми овозможи да почуствувам како е да се работи вистински во тим, и како е да се работи под притисок. Ако некоjа фирма ги разбира студентите, тогаш тоа е дефинитивно Солвео.