Категории

Пролетни модни трендови кои одговараат на секоја градба

Денес ви нудиме неколку прекрасни трендови кои се идеални за пролетната сезона и кои можат да ги носат дамите со ситна но и дамите со крупна градба на тело исто како и високите и ниските жени.

# Сукни со средна должина

Без разлика дали носите голи рамена, затворено деколте, принт или нешто друго со штикли во оваа сукна едноставно ќе бидете неодоливи.

# Хоризонтални линии

Хоризонталните линии не мораат да не шират ако се во пастелни бои најважен е кројот на фустанот. Ако се пополна дама тогаш облечете сукна која надолу се шири, а ако сте послаба нека биде сукната потесна.

Исто така маиците со овој принт се идеални за лежерни комбинации.

2

# Вертикални линии

Вертикалните линии можат визуелно да ја истенчат фигурата, па можете да ги носите и на фустан и на блуза.

Без разлика какви обувки ќе одберете овој принт е секогаш во тренд.

3

# Сукна или фустан на преклоп

Сукњите на преклоп ласкаат на секоја градба доколку се под колена.

Ако сте витка можете горе да облечете oversized блуза или дуксер, а ако не сте држете се до потесни кроеви кои нема дополнително да ве прошират.

4

# Широки панталони до колена

Кројот на панталони кои оди под колената убаво им стои и на витките и на полните дами.

5

# Голи рамена

Голите рамена се многу популарни оваа сезона. На пополните дами одлично ќе им прилегаат на пролетните фустани. Доколку градбата ви дозволува тесни фармерки, топ со голи рамена е одличен избор.

6

# Bomber јакна

Фармерки, патики или штикли во комбинација со мега популарната bomber јакна изгледа одлично на секоја градба и висина.

Одберете го трендот кој најмногу се сложува со вашиот стил и уживајте во пролетта.

7

Прегледи:
454
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
06.05.2016