Иван Јованов и неговата дружина од „Либеро бенд“, го промовираа најновиот проект „1001“, односно песна која момците ја промовираа заедно со спот.
Со објавувањето на овој летен хит, тие го најавија и стартот на новиот проект кој ќе содржи неколку песни и спотови во низа, поврзани на начин кој ќе се открива дел по дел, односно како што ќе тече промоцијата на новитетите.
Проектот веќе и официјално стартуваше со промоција на новата песна, прва од низата, певлива, летна, со модерен ритам, зад која се потпишуваат Слаткар и Дејан Стојановиќ – текст, музиката е на Дејан Стојановиќ, а миксот и мастерот на Иван Јованов.
Спотот го изработи Даниел Јовески, снимен е во Охрид со посебна техника за снимање, кај нас малку позната, техника која уште повеќе дава уникатна димензија на самото видео и целиот проект.