Категории

Пронајдено решение за загадувањето со пластика?

Во Америка од 2015 година е рециклирана помалку од 10% од пластиката која е користена. Неодговорноста на луѓето не е единствен фактор. Многу видови на пластики не можат да се рециклираат. Но, на повидок е решение.

Научниците тврдат дека измислиле пластика која може неограничено да се разградува и рециклира. Токму тоа може да му помогне на светот во решавањето на големиот проблем со загадување од пластика.
Сите пластични маси се состојат од големи молекули полимери кои содржат споеви на мономери.
Најчесто во пластиката се додаваат хемикалии кои и даваат одредени својства, како што се цврстина или еластичност. Тие пак, цврсто се врзуваат за мономерите и остануваат во нив дури и откако пластиката ќе помине низ рециклирање.


Проблемот настанува кога произведувачите ги користат рециклираните мономери за правење на нова пластика. При тоа, тие не може да знаат кои својства од изворната пластика можеле да останат.
Сепак, овој проблем наскоро можеби ќе биде решен.
Во списанието „Nature“ е објавена студија во која се опишува создавањето на нов вид полидикетоенамин пластика.
Поврзаноста помеѓу адитивите и мономерите е реверзибилна, а не трајна. Тие се одвојуваат кога материјалот ќе се стави во кисела средина. Тоа на научниците им овозможило обновување на мономерите за рециклирање на пластиката која не покажала исти својства како рециклираната пластика.
Ова откритие е голем успех, посебно ако се земе во предвид дека некои „разградливи“ пластики беа пронајдени во неразградлива состојба во земјата и морето.