Категории

Пронајдете се себеси во љубовта – Така ништо нема да ве повредува

Продолжете да се пронаоѓате, дури и кога мислите дека сте го пронашле она што сте го барале – продолжете да барате, бидејќи секогаш има простор за учење и секогаш има простор за растење.

Пронајдете се себеси во несигурноста, не знаејќи каде се движите во животот, но бидете цврсти дека сакате да имате авантури додека сте на патот. Пронајдете се во преземањего ризици, во откажување и пуштање и започнување од почеток, во поздравување на растот и во смиреноста, во љубезноста.
Пронајдете се себеси во смеата и солзите, во она кое го носат годините, во врските обвиени во топлина. Пронајдете се во книгите и приказните и во песните што ве враќаат низ торнадо од спомени. Пронајдете се во нивната љубов, на начинот на кој треперат нивните очи кога ќе ве погледнат и кога сјајот се населува длабоко на лицето и не заминува неколку часа откако ќе го направите тоа. Пронајдете се во нивната прегратка, во мекоста на нивните раце што го галат вашето лице, во нивната воодушевувачка насмевка. Пронајдете се во нивниот ум кој секогаш навива за вас, во нивната душа што наоѓа дом во вашето срцем и нивното срце што чука само за вас.

Пронајдете се во љубов, среќа и тага, во тага и сè што е помеѓу. Пронајдете се во начинот на кој заоѓа сонцето и се креваат облаците, во тоа како љубовта може да ве скрши и вистинската љубов може да ви даде живот и во секој мал и голем чекор што го правите кон она што навистина е наменето за вас. Продолжете да се пронаоѓате, дури и кога мислите дека сте го пронашле она што сте го барале – продолжете да барате, бидејќи секогаш има простор за учење и секогаш има простор за растење.

Прегледи:
504
Објавено на:
19.04.2021