Категории

Простувајте, не затоа што другите се во право, туку за вашиот душевен мир

Простувањето значи да ја оставите болката зад себе и да продолжите понатаму со полесен чекор

Простувањето е најдобар потег кој можете да го направите. Не за другата личност, туку за самите себеси. Кога ќе дадете некому прошка, се ослободувате од голема количина на енергија која со себе не носи ништо добро.

„Ти простувам со цел да не си наштетам на себеси. Мојот душевен мир и менталниот спокој ми се на прво место. Добра работа е тоа што и колку да е лошо искуството, ќе научам нешто ново. Не ја мразам личноста која ме изневерила и предала, но веќе нема да и дозволам да ми се приближи во иднина и нема да може да ми го зададе истиот удар. Не простувам само затоа што тој некој го заслужил тоа, туку за себеси да си помогнам.“ – рекол еден руски психолог.

Прошката може да биде различна. Понекогаш простуваме со цел да му прижиме на другите втора шанса и да почнеме од ново. Но постојат ситуации во кои простуваме како би можеле некого комплетно да го избришеме од нашиот живот и да продолжиме понатаму.

Прегледи:
777
Објавено на:
23.09.2019