Категории

Проверена модна формула: Џенифер Лопез знае како се носи најпопуларниот тренд во моментов!

Нејзините стајлинзи се подобруваат секој ден

Монохроматскиот стил е многу популарен оваа сезона, а тоа го знае и популарната Џенифер Лопез. За прошетка низ улиците на Њујорк, таа избра удобна, но и многу трендовска комбинација.

Со црната боја никогаш нема грешка, тоа е безбедна варијанта во која сите изгледаат одлично. Покрај тоа што стои добро на секого, фигурата во неа изгледа потенко.

Кожните панталони и воопшто сите парчиња кожа се многу актуелни, па во таа смисла таа направи одличен избор. Не е ни чудо што беше рангирана за најдобро облечена жена.

Џенифер ги комбинираше своите кожни панталони со црна ролка и долг капут со иста боја. Целата комбинација ја разби со бели патики.

Идеален стајлинг за оние денови кога не сакате да потрошите премногу време за смислување на нова комбинација на облека.

Во оваа проверена модна формула, ќе изгледате стилски, витко и ќе се чувствувате пријатно. Не може да биде подобро, зарем не?

Прегледи:
306
Објавено на:
04.01.2020