Категории

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (07 – 13 МАЈ 2018)

Лав

Лав

Запаметете ја добро оваа недела, бидејќи ќе бидете среќни во секој момент. Венера ќе ви донесе насмевка на лицето, оптимизам и желба за уживање. токму тој оптимизам кој ќе ве обземе, ќе направи да имате големи успеси и на професионално и финансиско поле. Љубовта ви се нуди на сите страни, а на вас останува да го изберете она што најмногу ви одговара. Препорачливи ви се водените знаци како: рак, шкорпија или риби.

Девица

Девица

Овој понеделник ќе бидете премногу чувствителни, посебно ако скоро сте се разделиле со саканата личност. Не ги толкувајте негативно сите информации кои ќе ги добиете за таа личност, и воопшто не размислувајте за тоа. Мислете позитивно, и набрзо ќе следи нов почеток. Бидете активни и правете работи кои ве развеселуваат.

Вага

Вага

Оваа недела ве очекуват многу напнати ситуации и проблеми на работа, па затоа бидете подготвени на сѐ. Можеби претпоставените и колегите ќе ви одат на нерви, но потрудете се да останете смирени. Пробајте после завршувањето на работното време да се опуштите со нешто што ве релаксира, на пример со некој спа третман. Доколку сте во врска, очекувајте понуда за брак.

Шкорпија

Шкорпија

Упорните и добронамерните совети за здравиот начин на живот од страна на некоја личност која ја почитувате ќе предизвика голем отпор. Токму туѓите инсистирања ќе направат да почнете да размислувате за некои лоши навики, за кои сте свесни дека неповолно влијаат на вашата виталност. Неделава, Венера ќе ви донесе возбудливи изненадувања, бидете спремни.

 

1 2 3

Прегледи:
950
Објавено на:
06.05.2018