Категории

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ( 15 – 21 ЈАНУАРИ, 2018)

Стрелец

Во текот на оваа недела ќе преовладуваат измешани чувства кај вас. Еден ден едвај ќе чекате да го видите партнерот, а веќе наредниот ќе ви оди на нерви. Пробајте да ги избалансирате работите и опуштете се. Во последно време не внимававте на храната која ја конзумирате, па почнувајќи од денес можете да се погрижите за тој проблем. Не прескокнувајте го појадокот! Тоа е најважниот оброк во денот.

Среќен ден: Сабота

Јарец

Ќе си направите услуга на себеси доколку бидете позитивни во текот на сите денови од неделата, без оглед на тоа дали вашиот љубовен живот не е онаков како што очекувате, или пак ве изморуваат обврските на работа. Кон крајот на неделата, ве очекува прилив на пари, со што ќе можете да си го овозможите посакуваниот шопинг.

Среќен ден: Среда

Водолија

Вашата тврдоглавост нема да ве направи подобра личност, ниту да ви донесе плус поени кај другите. Потрудете се да го прифатите секој совет, како и секоја критика. Изненадете го партнерот со подготвување на вкусна вечера, тој ќе ви биде благодарен за тоа. Среда и четврток се поволни денови за забава и рекреација. Искористете ги најдобро што можете.

Среќен ден: Понеделник

Риби

Работите на професионално поле полека се подобруваат. Во вторник можеби ќе имате можност да почеток на некој нов проект, но добро размислете дали ќе можете да го реализирате до крај. За време на викендот релаксирајте се дома гледајќи некој филм, време е да направите пауза од вечерните излегувања. Во недела, очекувајте подобрување на односот со вашиот партнер.

Среќен ден: Недела

1 2 3

Прегледи:
1196
Објавено на:
14.01.2018