Стрелец
Оваа недела ќе биде посветена на прошетки со пријателите и ноќните излегувања. Доколку сте слободни, голема е веројатноста да запознаете некоја нова личност во вашиот живот која ќе ви ги обземе мислите. Здравјето е добро, но време е да се вратите на тренинг.
Јарец
Покажете ја уметноста во себе и изненадете ги блиските со некој ваш талент. Обидете се да го свртите цело внимание кон себе и повеќе да не се чувствувате запоставено. Некој од пријателите не ви мисли добро, затоа внимавајте со кој ќе ги поминете деновите и на кого ќе ги кажувате своите тајни.
Водолија
Наместо да лежите во својот кревет, започнете да правите нешто корисно. Почнете од својот дом. Преуредете го или пак згответе вкусно јадење. Некој од вашите пријатели ќе биде во неволја, затоа сослушајте го и помогнете му, бидејќи сте му потребни.
Риби
Доколку партнерот има желба што почесто да ве гледа, не му замерувајте, тој само се чувствува запоставено и потребно му е повеќе внимание. Почнете да распознавате кои пријатели ви се вистински, а кои не вредат за вашето внимание.