Овен
Поради обврските кои ќе ги имате неделава, можеби ќе немате толку слободно време за пријателите, нo треба да се потрудите секогаш да имате барем малку време за нив. Не постои нешто што релаксира повеќе од добар разговор со блиски пријатели. За време на викендот, очекувајте пријатно изненадување.
Бик
Вашата тврдоглавост нема да ве направи подобра личност, ниту да ви донесе плус поени кај другите. Потрудете се да го прифатите секој совет, како и секоја критика. Во среда, изненадете го партнерот со подготвување на вкусна вечера, тој ќе ви биде благодарен за тоа. Кон крајот на неделата очекувајте повик од личност со која не сте биле во контакт подолго време.
Близнаци
Оваа недела изгледа синдромот на среќата не може да биде на повисоко ниво. Ќе ве обземе одлично расположение во текот целата недела. Ќе имате мал проблем со финансиите, но до крајот на неделата ќе го средите. Наместо да изглеувате и за шетате, останете во својот дом и уживајте во добар филм.
Рак
Време е да престанете да верувате во соништа и да почнете да гледате реално на ситуацијата. Затоа, фатете се за работа и делувајте. Можна е мала расправија со партнерот, но со разговор сѐ може да се реши. Во втората половина на неделата, внимавајте малку повеќе на здравјето.