Категории

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (27 АВГУСТ – 02 СЕПТЕМВРИ )

Овен

Овен

Упорните и добронамерните совети за здравиот начин на живот од страна на некоја личност која ја почитувате ќе предизвика голем отпор. Токму туѓите инсистирања ќе направат да почнете да размислувате за некои лоши навики, за кои сте свесни дека неповолно влијаат на вашата виталност.

Бик

Бик

Љубовта ви се нуди на сите страни, а на вас останува да го изберете она што најмногу ви одговара. Препорачливи ви се водените знаци како: рак, шкорпија или риби. Што се однесува на професионално поле, работите нема да се одвиваат баш онака како што сакате вие, но потрудете се да го извлечете најдоброто од себе.

Близнаци

Близнаци

Не оценувајте ги луѓето според изгледот, бидејќи понекогаш изгледот е само површна работа. Потрудете се повеќе да го запознаете вашиот партнер, доколку сакате да се впуштите во сериозна врска. За оние кои не се во врска, среда е поволен ден за запознавање на нова личност од спротивниот пол.

Рак

Рак

Поради важни ситуации во вашиот живот, можно е да бидете принудени да направите големи трошоци. Внимавајте на здравјето, посебно на стомачните проблеми, кои секојдневно ги имате, а притоа ви створаат внатрешна нервоза. Вашиот среќен ден е сабота.

 

1 2 3

Прегледи:
1232
Објавено на:
26.08.2018