Категории

Првиот сопруг на Меган Маркел морал да потпише „договор за бременост“, а еве и што содржел тој

Војвотката од Сасекс е една од најпознатите личности на светот. Станува збор за сопругата на британскиот принц Хари, 37. годишната Меган Маркел, која во моментов е бремена со нивното прво дете.

Но, пред да го сретне Хари, Меган била во брак со продуцентот Тревор Енгелсон за кого се омажила во 2011. година на Јамајка. Парот бил заедно од 2004. година, а се запознале во еден бар.

„Тревор и се допадна на Меган веднаш бидејќи е амбициозен и страствен“, стои во биографијата на војвотката.

Две години подоцна таа се развела од сопругот поради „непомирливи разлики“, додека многумина истакнуваат дека главниот проблем била нејзината преселба во Торонто каде ја снимала серијата „Suits“ со која и се прослави. Но, актерката набргу по разводот ја пронашла среќата со австралискиот готвач и сопственик на ресторан Кори Вител со кого била во врска 2 години. Месец дена подоцна Меган го сретнала Хари на состанок на слепо, а сѐ останато е историја.

Иако таа денес е во среќен брак во кој го очекува своето прво дете, медиумите сѐ уште обелоденуваат пикантерии од нејзиниот претходен брак. На тој начин се дозна и дека војвотката од поранешниот сопруг за време на бракот барала да потпише „договор за бременост“ со кој тој се обврзува да и плаќа приватен тренер, нутриционист и дадилка, за во случај на бременост Меган бргу да се врати на својот претходен живот, но и фигура.

Меган отсекогаш сакала да ја третираат како принцеза, а нејзиниот прв сопруг немал избор освен да го потпише овој договор.