Категории

Првите фотографии во боја од Северна Америка фасцинираат и ни ја раскажуваат историјата

Што се крие во архивите? Фасцинантни фотографи испловија од архивата на Detroit Photographic Company. Собрани во книгата која го носи името An American Odyssey, содржи фотографии од доцните 1880-ти и раните 1920-ти години.

Неколку илјади црно бели фотографии биле репродуциранi во боја со фотолитографска техника измислена во Швајцарија, наречена fотохром процес. Графичкиот дизајнер, фотограф и колекционер Marc Walter ја поседува најголемата колекција на винтиџ фотографии во светот, односно фотохроми и е ко-автор во книгата An American Odyssey со Sabine Arqu.

Ретки фотографии кои ве враќаат во некое друго време содржани во книгата од 612 страни, ни ги покажуваат импресивни фотографии од минатото на Америка, вклучувајќи и некои од најзначајни знаменитости.

Зајдисонце од Батери, Њу Јорк, фотохром. 

Големиот Кањон, од перспектива на O’Neill, Аризона, фотохром. 

Меморијалната порта, Хартфорд, Конектикат, фотохром.

Арк Рок, Остров Макинак, Мичиген, фотохром. 

Главниот светилник во Портланд, Мејн, фотохром.

Железницата на планината Лоу, на кружен мост, Калифорнија, фотохром.

Шефот на Апачи James A. Garfield, фотохром. 

 

Кејп Хорн, реката Колумбија, фотохром.

Кинеска аптека, Чајнатаун, Сан Франциско, фотохром. 

Mariposa Grove, Трите грации, Национален парк Јосемит, Калифорнија.

непознат автор, Понеделничко перење, Њу Јорк, фотохром 

William Henry Jackson, Индијанците Зуни Пуебло, Дождовниот танц, Ново Мексико, фотохром