Категории

Психолозите објаснуваат зошто не сакате да се фотографирате

Дали спаѓате во онаа група на луѓе кои штом видат фотоапарат или тефон, се тргаат на страна? Може ли „камерофобијата“ да се надмине?

Претпоставуваме дека во вашиот телефон може да се најде некое селфи, но вие да се најдете на некоја групна фотографија е речиси невозможно.

Ако спаѓате во тој тип на личности, добро е да знаете дека постои научно објаснување зошто е тоа така.
Некогаш фотографиите се правеле за да се зачуват спомените од заборав. Филмовите биле скапи како и опремата, па добро се размислувало за што да се потрошат тие неколку кадри.
Денес ситуацијата е поинаква. Еден клик и фотографијата е тука. Програми за обработка на слики, колажи, се далеку подостапни па дури се чини дека во голем дел сме незадоволни од тоа како испаѓаме на фотографиите.

Др.Кристијан Џерет е еден од водечките психолози на оваа тема. На прво место истакнува дека може да е до тоа личноста да е премногу самокритична кога е во прашање изгледот.

Како што објаснува често се случува своите фотографии да ги оценуваме во согласност со нереално високите стандарди. Сепак, др. Џерет истакнува дека треба да се има во предвид дека голем дел од луѓето едноставно не се способни да ја согледаат сликата критично до таа мера.

Значи, постои една причина. Навикнати сме на својот одраз во огледалото од еден агол, односно наопаку, и затоа фотографиите на телефонот ни делуваат чудно.
Иста е и ситуацијата кога го слушаме својо глас снимен затоа што сме навикнати да го слушаме како одекнува одвнатре од нашиот череп.

Психологот Робер Зајонк укажува на една позната теорија од седумдесеттите. На луѓе им покажале две фотографии од нив самите. Едната слика го покажувала нивното вистинско лице, а другата она што го гледаат во огледалото.
Откриено е дека луѓето секогаш сакаат да ја видат својата слика во огледалото. Но студијата исто така открива дека пријателите и семејството на личноста секогаш ја преферирале вистинската слика.

Меѓутоа добрата страна на групното фотографирање е и т.н. „ефект на мажоретка“. Во прашање е докажан феномен при кој ги оценуваме лицата како попривлечни кога се дел од група отколку кога се изолирани.

Ако самите ја погледнете сликата на која сте со пријателите, веројатно ќе се фокусирате само на себеси и ќе ја анализирате секоја ситна маана додека другите кои ќе ја видат таа слика онлајн, ја посматраат како групна па ја проценуваат просечната привлечност наместо индивидуалната.

Уште една причина е тоа што понекогаш мислиме дека изгледаме поатрактивно отколку што е тоа вистински случај. Во една студија, било побарано од луѓето да се идентификуваат себеси. Не им биле покажани свои вистински слики, туку фотографии кои биле едитирани така да изгледаат помалку или повеќе атрактивни.

Се случило тоа да луѓето постојано да ја бираат атрактивно едитираната слика од себеси, додека други бирале фотографии на луѓе точно како што изгледале.

Затоа опуштете се и не придавајте големо значење дали е се толку „совршено“. Запомнете – важен е мигот.

Прегледи:
833
Објавено на:
07.10.2020