Категории

Птоломеиди – Македонската династија која владеела со Египет и била клучна во кроењето на светската историја

Основачот на династијата Птоломеиди бил еден од војсководците на Александар Велики – Птоломеј Сотир кој потекнувал од античко македонско семејство.

После смртта на Александар Македонски во 323 година п.н.е. секој од неговите верни генерали станал намесник на големите региони со кои владеела големата империја. Птоломеј Сотир го добил Египет и во 305 п.н.е. се самопрогласил за крал и станал Птоломеј I.
Египќаните го прифатиле како наследник фараон и неговата династија го започнала владеењето со Египет за три наредни века.

Птоломеј I освоил нови територии, помеѓу кои Кипар, Палестина и многу грчки острови. Во текот на неговото владеење била изградена прочуената библиотека во Александрија која ја претворил во центар за науката и уметностите, а Египет во политичка и економска престолнина на древнот свет. За време на владеењето на династијата Птоломеиди, земјата се здобила со бројни рани војувајќи со Селевкиди чиј основач исто така бил еден од војсководците на Александар.

ПТОЛОМЕЈ I СОТИР

Династијата Птоломеиди останала верна на своите македонски корени така што практикувале роднински бракови помеѓу браќа и сестри со цел да се задржи чистокрвноста.
Последната египетска кралица и најзвучното име на династијата на Птоломеј е Клеопатра VII Филопатор која го предизвикала судирот помеѓу Рим и Египет. Таа се побунила против својот прат и сопруг Птоломеј XII и го симнала од тронот со помош на Јулиј Цезар.
Во август 31 година, Октавијан ја поразил Клеопатра и Марк Антониј така што ја фрлил династијата Птоломеиди на колена.
Со самоубиството на Клеопатра престанала да постои династијата која три векови управувала со судбината на целиот медитеран.

КЛЕОПАТРА VII ФИЛОПАТОР