Категории

РАК – Годишен хороскоп за 2022 година

Годишна прогноза за работа, семејство, љубов, пари и здравје.

2022. година за поголемиот дел од Раковите ќе биде многу успешна. Самодовербата која ќе ја почувствувате уште на почетокот на годината, ќе трае до крајот на годината. Љубовниот и брачниот живот и понатаму ќе цвета.

Љубов

Првата четвртина од годината ќе биде посложена, додека во втората половина па сѐ до крајот ве очекуваат успеси на љубовно поле. Ќе уживате во љубовта и почитта која ќе ја добивате од партнерот. Раковите кои не се во врска или брак, може да очекуваат тоа да се промени во втората половина од годината. Социјалниот и романтичен живот во тој период ќе биде подинамичен од било кога, а ќе ве води нескротлива страст. Дури и во секојдневниот живот ќе се чувствувате поживи и побудни од било кога.

Работа

Наспроти грижите во останатите сфери од животот, стабилноста, трудот и продуктивноста, но и односот со колегите ќе биде стабилен. На некои Ракови ќе им се појави можност за напредување во другата половина на годината. Тогаш, земете ги в обзир сите околности, пред да донесете конечна одлука.

Пари

Во 2022. година Раковите конечно ќе можат малку да се опуштат. Имено, конечно ќе бидете во можност да заштедите пари и да го подобрите квалитетот на животот. Пред крај на наредната година може да очекувате семејството од вас да позајми пари или заедно да вложите пари во некоја недвижнина или заеднички бизнис.

Семејство

Хармонијата и мирот следната година ќе доминираат во вашиот семеен живот. Положбата на Јупитер и Сатурн во четвртата куќа е доказ дека и од својата мајка може да очекувате голема помош. Во вотрата половина од годината, грижите поврзани за децата ќе бидат значително намалени, а дружењето со семејства кои имаат деца ќе биде ваша главна преокупација.

Здравје

Почетокот на 2022. година ќе ви донесе некои помали здравствени тегоби. Причината за тоа може да биде студеното време кое може да предизвика болки во коските. Поправете ја својата дневна рутина, како и исхраната, посветете се и на физичката активност, на пример, вежбајте јога. Ментално ќе бидете стабилни во текот на целата година, грижите поврзани со парите ќе бидат минато, а од другата половина на годината може да очекувате и налет на позитивна енергија која ќе ве одведе во некои нови авантури.

Прегледи:
868
Објавено на:
20.12.2021