Категории

Разгорете ја страста – Игри со соблекување кои морате да ги испробате

Можеби сте ги играле порано, но не е лошо да ги повторите одвреме навреме.

Романтичните средби најчесто се сведуваат на долги разговори и размена на нежности. Меѓутоа, пламенот на љубовта понекогаш е потребно да се потпали малку повеќе. Деновите на посета на кино и вечери во овие денови се сведени на минимум, затоа искористете ја можноста да поминете интересна вечер со саканата личност со помош на игри со соблекување.
Можеби сте ги играле порано, но не е лошо да ги повторите одвреме навреме.

Покер
Ултимативната игра кога е во прашање акцијата на соблекувањето. Правилата се доста едноставно, а за да би биле фер спрема партнерот, погрижете се да немате многу накит околу вратот или на рацете, освен ако навистина не сакате да бидете лоши во покер. Направете редослед на соблекување и суптилно одберете го оној кој најмногу ќе го деконцентрира вашиот партнер.

Twister
Ова е игра која и пред да почнете да се соблекувате ќе ве зближи доволно и ќе ве натера да фантазирате еден за друг без облека. Потребнои се доста губитнички кругови за да се соблече сета облека, но бидејќи играта сама по себе не е многу тешка и лесно е да се биде – губитник, додека трепнете ќе бидете по долна облека.

Потопување бродови
Игра за која ќе биде малку повеќе умствен предизвик отколку физички. Потопување бродови е доста симпатичен начин за совладување на противникот и откривање на неговите борбени способности. Правилата се едноставни – после секој „потопен брод“ капетанот чиј брод потонал мора да соблече едно парче облека.

Уно
Уште една одлична игра со карти која можете да ја прилагодите во акција на соблекување. Било која карта можете да ја преименувате во карта која означува „соблекување“. Наместо да чекате играта да се заврши и да се открие губитникот, во текот на неа можете да соблекувате парче по парче од облеката на себе.

Вистина или предизвик
Оваа игра на сите им е добро позната и како таква е совршена за вашиот предизвик на соблекување. Ако играчот одбие да ја каже вистината или да го прифати предизвикот, следи соблекување. Колку по предизвикувачки прашања и предизвици толку побрз ќе биде патот до голо издание. Подгответе добри прашања и играта може да започне.