Категории

Разоткриена мистеријата за песочните дини на Марс

НАСА со нови откритија околу мистериозните песочни дини на Марс кои фрлаат светлина врз историјата на црвената планета.

Во кањоните на Марс научниците открија поле од цврст песок кое било изложено на ветрови кои се претворило во камен со тек на времето.

Иако нагризена со ерозија, таа древна замрзната рамнина останало совршено сочувана, далеку подобро отколку фосилизираните таласи песок на Земјата.
Како тие дини всушност настанале и опстанале во текот на толку долг период, дознаваме од процесите на седиментација и геолошката историја на Марс.

Песочните дини денес се вообичаена појава на Марс. Тие дини кои се сметаат за древни и кои се наоѓаат во провалијата Мелас – се доста слични на оние кои настанале неодамна. Тоа упатува на заклучок дека климата и атмосферата на Марс се променила доста малку во текот на еден голем период.

Со помош на фотографии снимени во склоп на проектот “High Resolution Imaging Science Experiment” и податоците за топографијата на Марс, истражувачите документирале и датирале својства на дното на провалијата Мелас.

Некои дини биле затрупани со десетици метри материјал, што е можна последица на силна вулканска ерупција. Недолго по ерупцијата, материјалот дошол до контакт со компактни песочни дини и ги зацврстил.

Сличен процес се одвива и на Земјата откако подземните води влегуваат во делимично закопаната песочна дина. За разлика од Земјата, на дините на Марс делуваат многу помал број надворешни влијанија од околината.

Со оглед на тоа што нема вода, вегетација и тектонски поместувања, главната причина за ерозијата на Марс се ветровите. Тоа е причината зошто на Марс овие песочни дини ги има многу повеќе отколку на Земјата и се речиси недопрени.