Категории

Регенератор пред шампон: Да или Не?

Ако не сте го испробале ова порано, мора барем еднаш да имате слушнато совет за тоа колку е тоа добра нега за косата. Жените кои го искусиле ова истакнуваат дека нивната коса е многу помека на допир, посјајна и блескава.

Повеќето од нас користат прво шампон, а потоа балсам и ова е нашата навика и рутина за убавина преку целиот живот. Меѓутоа, ако имате проблеми со мрсна и тенка коса, промената на редоследот на употреба носи некои придобивки.

 

Дали некогаш сте пробале обратно миење на косата?

https://giphy.com/gifs/lie-stella-maxwell-WMUvmioHyIvWo

Шампонот служи за да ја измие косата, особено коренот од супстанции како што се вишокот маснотии и мртви клетки на кожата. Регенераторот, од друга страна, ја храни и измазнува косата и ја задржува влагата во внатрешноста на косата. Обратното миење на косата ја дава потребната хидратација и негување од балсамот, но нема да ви ја отежни бидејќи ќе ја исплакнете со шампон потоа. „Обратно миење на косата“ дава најголеми придобивки за лицата со мрсна и тенка коса, но нема причина да не ја испробаат и и оние со друг тип на коса.

За оваа постапка да има ефект, најдобро е да изберете лесен балсам со немрсна текстура, кој што нема да и тежи на косата. Најдобрите балсами за овој вид на миење на косата се оние кои се наменети да се користат како leave-in производ.

Прегледи:
719
Објавено на:
06.02.2020