Длабински негувајте ја вашата кожа, ви споделуваме одличен домашен рецепт како да подготвите хидратантно и регенерирачко домашно млеко за тело на база на кокосово масло.
Потребни состојки:
- шолја кокосово масло
- 4/5 капки есенцијално масло од портокал
- 4/5 капки есенцијално масло од лимон
- Ситно изрендана кора од портокал, лимот и лимета
Начин на подготовка:
Кокосовото масло загрејте го во лонец 15-20 секунди, додека не се омекне а потоа ставете го во чинија. Добро помешајте така што нема да ви останат грутчиња, додадете ја ситно изренданата кора од портокал, лимон и лимета па повторно измешајте.
За крајот додадете ги и есенцијалните масла така што ќе добиете изедначена смеса и ставете ја смесата во тегла и во фрижидер да се стегне.
Кога ќе се стегне земете ја кремата и смесата изматете ја со миксер додека не добиете „воздушеста“ текстура на крема. Потоа кремата повторно ставете ја во стаклен сад и чувајте ја на студено за да не се стопи.
Нанесувајте пред спиење и после неколку дена ќе забележите дека вашата кожа е помека и свиленкаста.