Категории

Рецепт на денот: Направете пита од леб! (РЕЦЕПТ)

Секојдневно купуваме леб за дневните оброци и неретко се случува да се насобере стар леб кој најчесто за жал завршува во кантата за отпадоци. Наместо да ги фрлите стариот леб, можете да го искористите и да го подготвите ова вкусно јадење.


Жито Интеграл нуди огромен избор на лебови кои ви се добро познати секојдневно купувајќи ги од најблискиот маркет. Но, доколку се случи да ви остане стар леб, ова е рецепт за сечиј џеб и вкус. Направете пита од стариот леб!

 

Состојки:

  • 600 гр стар леб
  • 300 гр кравјо сирење
  • 3 јајца
  • 200 мл кисела павлака
  • 200 мл кисела вода
  • 200 мл млеко
  • малку сол
  • масло по потреба
  • сусам по желба

Подготовка:

Исечете го лебот на кришки, па со половина од него прекријте го плехот кој претходно сте го премачкале со масло. Помеѓу кришките леб не треба да оставите простор. Изматете едно јајце со сирење и половина кисела вода, па прелијте го лебот и оставете пет минути да упие. Потоа ставете го другиот слој од лебот.

Изматете две јајца со млеко, павлака и остатокот од киселата вода, малку посолете, па прелијте го другиот слој од лебот. Оставете ја питата да отстои половина час, наросете ја со сусам и печете на 200 степени околу 25 минути.