Француски тост е еден од наједноставните појадоци за приготвување, но исто така доколку не ги внесете потребните состојки, вкусот може да ве разочара. Следете ги следните инструкции и ќе уживате во оброкот!
Состојки:
- 2 јајца на едно парче
- 1 шолја млеко
- ½ шолја јаворов сируп
- 1 лажичка цимет
- парче леб
- путер
Подготовка:
- Измешајте ги сите состојки освен лебот и путерот во голем сад.
- Време е да го исечете лебот. Колку ќе бидат тенки кришките леб, зависи од вашата желба. Доколку скаате вистински француски тост, кришките леб исечете ги претходната ноќ и оставете ги непокриени преку ноќта, за следниот ден смесата да се апсорбира целосно во лебот.
- Потопете ги кришките леб во смесата од двете страни.
- Пржете ги лепчињата во тавче по 3 минути на секоја страна.
- Сервирајте ги кришките во чинија и по желба додадете јаворов сируп врз нив.