Категории

РЕЦЕПТ: Пастирска пита – Деликатес идеален за ручек и вечера

Во постудените денови, Пастирската пита е идеалниот рецепт било за ручек или за вечера.

Состојки:

  • 500 гр пире од компири
  • 500 гр мешано мелено месо
  • две главици кромид
  • 1 поголем морков
  • 100 гр грашок
  • 3 чешниња лук
  • 4 лажици сок од домати
  • 150 гр сирење
  • сол

Подготовка:
Пржете го кромидот, додадете сецкани моркови, лук и мелено месо и измешајте се заедно добро. Зачинете по вкус и динстајте додека водата не испари.
На крајот додадете ги доматите, промешајте и тргнете ги од шпоретот. Истурете ја смесата во огноотпорен сад, а над него пирето што претходно сте го измешале со половина шолја топло млеко. Важно е се добро да се покрие, така што месото не е видливо. Посипете со испасирано рендано сирење и печете на 200 степени околу 20 минути.

Пријатно!

Прегледи:
469
Објавено на:
17.10.2021