Категории

Рецепт за домашно масло: Ги бриши брчките од лицето и ја враќа младоликоста

Покрај босилекот, смилот е едно од омилените лековити и мирни растенија во народната медицина, а го нарекуваат и цвет на бесмртноста. Ова растение со векови се користи за природно лекување, но во последните неколку години се здоби со популарност поради неговата употреба во козметички цели.

Смилот се смета за една од најефикасните билки за лекување на брчки и е вистински природен еликсир против стареење кој ја подмладува и затегнува кожата на лицето. Смилот е медитеранско растение, но може да се најде и во карпести предели, сиромашни песочни почви или на плитки почви на напуштено земјоделско земјиште. Смилот се користи во медицината за лекување на црниот дроб, лачење на жолчката и панкреасот, за исфрлање на слуз од дишните патишта, за намалување на лузните и за потхранување на кожата. Од ова растение се подготвува чај, но важно е да се консултирате со лекар пред да го користите за медицински цели.

Ароматерапевтите веруваат дека есенцијалните масла од смил влијаат и на нашиот ум и на духот. Се препорачува за оние кои сакаат да работат на својата емотивна страна, се чувствуваат осамено или копнеат по љубов. Прво ги зафаќа областите на срцето и градите.

Како да направите масло од смил против брчки – еве го рецептот:

Во тегла од литар ставете 20 гр свежо цвеќе од смил или 40 гр суво цвеќе и прелијте го со 200 мл бадемово масло. Покријте ја теглата и оставете ја на сончево и топло место околу 40 дена. Потоа процедете го маслото, па додадете 3 капки етерично масло од лаванда и 20 мл кокосово масло. Протресете, па ставете го во тегли или сад и држете го маслото затворено. Пред спиење исчистете го лицето, а потоа со кружни движења нанесете мала количина масло на влажна кожа. Со него можете и да го масирате лицето.

Ова масло ќе направи вашето лице да изгледа свежо и затегнато, а редовната употреба ќе ги намали брчките или ќе го спречи нивното појавување. Овој еликсир на младоста можете да го користите секој ден бидејќи е сосема природен, а може да помогне и за лекување на кожата на вратот и деколтето.

Напомена: Доколку имате проблематична кожа на лицето, консултирајте се со специјалист пред да го користите маслото.

Прегледи:
954
Објавено на:
26.10.2021