Категории

Рецепт за лимонада од куркума која спасува од депресија

Лимонадата од куркума е потврдено дека ги содржи некои од најдобрите лековити својства. Куркумата ги убива канцерогените места, лечи од депресија, го намалува холестеролот.

Списокот на лековити својства на овој корен е долг, меѓутоа треба да се напомене за неговата примена во борба против ракот на кожа, Алцхајмерова болест и други состојби како што се артритис, жолтица, проблеми со желудникот.

Куркумата како лек за депресија

Постојат многу начини и лекови за депресија, но доколку користите било кој вид на антидепресив, постојат многубројни нуспојави кои следуваат со нивното користење, како што е тешкото дишење, суицидалните мисли или најлошата – крварење на желудникот.

Поради сето ова, откритието дека куркумата може да излечи личност од тешка депресија, без да се соочи со било какви нуспојави е навистина значајно. Куркумата лечи од депресија благодарение на посебната состојка која се вика куркумин.

Како да направите лимонада од куркума

Постојат повеќе начини како да направите лимонада од куркума, но ние ви го нудиме најефикасниот и наједноставниот начин.

Рецепт за 4 лица

  • 4 чаши ладна вода
  • 2 лажици свежа или куркума во прав
  • 4 лажици 100% јаворов сируп, мед или стевиа ако избегнувате шеќер
  • 1 лимон
  • сок од еден портокал (опционално)

Промешајте ги сите состојки во садот и послужете ги со парче лимон.

 

Прегледи:
1351
Објавено на:
02.11.2017